По големата заплена на Табановце, на патниците од Домино лајн им бил ветен бесплатен автобуски билет (ФОТО+ВИДЕО)

По вчерашната голема заплена на злато на граничниот премин Табановце, до редакцијата на МКД.мк се јавија патници кои биле во автобусот на компанијата Домино лајн (Domino line) на линијата Пореч (Хрватска) – Гостивар. Тие велат дека пет часа биле приморани да седат на асфалтот на граничниот премин без никаква реакција од компанијата.

 

На ГП Табановце вчера околу 9,30 часот во автобус на Домино лајн, компанија од Скопје за автобуски превоз до Хрватска и Турција, цариниците заплениле 13,3 килограми злато вредно 600 илјади евра. Патниците пет часа чекале некаков превоз, а кога на Табановце конечно дошол претставник на Домино лајн тој само им ветил бесплатен билет за некое идно патување со истиот превозник.

Автобусот поминал два пати на скенер, по што било пронајдено златото скриено во покривната конструкција.

„Ние, педесетина патници, меѓу кои и мајки и деца, бевме оставени околу пет часа на асфалт и на сонце на граничниот премин чекајќи Домино лајн да преземе одговорност и да не транспортира до потребните дестинации во државата. По неколку јавувања во компанијата од повеќе патници барајќи да ни испратат друг автобус, конечно се појави претставник од компанијата, а за кратко време и возач со автобус на Руле турс со кој конечно се вративме по дома. Од претставникот на компанијата добивме само вербално извинување и ветување дека за да ги надоместат непријатностите ќе ни дале бесплатни билети за следниот пат кога ќе сакаме да патуваме со Домино лајн. Кој здраворазумен човек по вакво филмско искуство повторно би се превезувал со таа? Односот на компанијата во оваа ситуација беше крајно несериозен. Педестина патници беа изложени на ризик со вакво криумчарење на нелегални стоки. Никој од компанијата не ни се јави, туку ние самите бевме приморани да се јавуваме и да прашуваме дали некој ќе испрати друг автобус по нас. Ќе покренеме судска постапка за оваа крајно непријатна ситуација предизвикана од вработени во Домино лајн и ќе бараме соодветно обештетување. Исто така, сакаме да испратиме апел до сите превозници, а и до надлежните, особено во овие високо-фреквентни периоди, да вршат почести контроли и секое вакво однесување од страна на компанија која треба да ја гарантира безбедноста на патниците да биде најстрого санкционирана, патниците соодветно обештетени, со надеж дека вакво нешто нема никогаш да се повтори“, ни изјавија дел од патниците.

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе