По дојава од граѓани за црн чад, пожарникари интервенираа во фабриката „Треска”

Пожарникари со едно возило на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје вечерва интервенирале во кругот на поранешната фабрика за мебел „Треска“, откако граѓани пријавиле дека од фабричката хала се шири црн чад, објави Мета

Фото: Мета

Од противпожарната бригада објасниле дека „тоа што сега се гледа како чад е само од испарувањето“, а на местото дошла и втора екипа која контролира дали повторно ќе се појави оган. 

Претходно граѓани од околината пријавиле во Противпожарната бригада, но им било речено дека чадот е од тоа што непознати лица „топеле кабли на куп” и дека нема потреба да се грижат за чадот.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе