ОПШТИНА ЦЕНТАР

По 60 години „Папагал-зградата“ доби енергетски ефикасна фасада

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски денешната прес-конференција ја одржа пред зградата што скопјани ја знаат како „Папагал-зграда“, која кога прв пат се изградила имала 5 бои покрај сивата заднина.

„Општина Центар продолжува со поставување на фасади со термичка изолација. Со ова, сметките за електрична енергија ќе бидат помали за една третина. За оваа година се обезбедени средства за уште 11 нови фасади“, рече Жерновски. Тој нагласи дека е значајно што сите фасади го задржуваат оригиналниот изглед и ниедна фасада нема да се менува без согласност на станарите на зградите.

Градоначалникот Жерновски посочи дека и Владата и Скопје треба, за сè што ќе одлучат, да добијат претходна согласност од жителите.

Во „Папагал-зградата“ живеат 5 фамилии – архитекти и како што кажа градоначалникот – не било лесно да се усогласат ставовите околу изборот на боите.

Ставовите на општина Центар не се совпаѓаат со стилот на барокот, кој што го протежира Владата на РМ во општина Центар.

Во однос на нелегалните скулптури на мостот Око и извештајот на комисијата, градоначалникот најави дека ќе се разгледуваат на следната седница на Советот на општина Центар.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе