Независни за Карпош

Пет дена пред избори, Општина Карпош свикува онлајн седница за да донесе нов ДУП

Седум дена по одржаната последна седница на Советот на Општина Карпош во овој состав, градоначалникот Стефан Богоев и претседателката на Советот Наташа Пеливанова, за вторник, 12 октомври, закажаа нова седница за да донесат нов ДУП, предупредуваат кандидатите од советничката листа Независни за Карпош.

Се работи за Деталниот урбанистички план ССИ 03 блок 7, дел од Карпош, кај Аквадуктот.

„Не се ферма ништо. Седницата ќе биде онлајн, сите ќе бидат дома или во канцеларија или во кафиќ на ЗУМ, ама ние нема да можеме.Ќе бидеме таму, во 9:45 во вторник пред просториите на општината за да ја следиме онлајн седницата физички во нивни простории. Седницата е закажана за во 10 часот. Дојдете и видете во живо на што личи седница на Совет на „најтранспарентната“ општина и како изгледа почитување на начелото на јавност и граѓански права за учество на седници. Ова е демократија и јавност поставени наопаку. Доста е“, се вели во повикот на Независни за Карпош.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе