Протестот, според него, зема се поголем замав и по она како се одвива, не е насочен кон градоначалничката на Скопје и ЈСП или кон целта што ја посочуваат, а тоа е долгот кон нив, туку добива облик на политички протест.
„ЈСП не е загрозен со овој протест, а градоначалничката не е блокирана, туку се блокирани граѓаните. Се прави многу поголема штета отколку што е долгот кон приватните превозници. Во Скопје власт е ВМРО-ДПМНЕ и тие раководат со советот, кој може да се состане и да и наложи решение на градоначалничката. Наместо тоа се оди на полтички памфлети и препукувања на штета на граѓаните,“ рече Пенов.
Владата, како што поосчи, има инструмент да се реши проблемот и тоа е насилно да се тргнат автобусите од улиците, но додава, се уште не се исрпени сите можности за решение.
„Се анализира состојбата. Да се исцрпат сите можности за разрешување на проблемот па Владата да презема мерки, затоа што веќе не е само облигациониот однос и долгот од 1 милион кон приватните превозници. Веќе имаме раскинување на нивниот договор. Тие и да го добијат долгот се исклучени од натамошна работа и не верувам дека со исплата на долгот ќе престане протестот,“ рече Пенов.