Изминатата недела

„Пајакот“ во Центар подигна 63 возила, на 58 поставен „блокатор“

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата недела санкционирале 121 непрописно паркирано возило кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

„Во периодот од 11 до 17 мај, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 63 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 58 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во кој што биле паркирани“, соопштија од ЈП ПОЦ.

Оттаму најавуваат дека во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе