Боемската улица е пешачка зона, на која кафеанџиите, уметниците и сите кои имаат добра идеја ќе си го најдат местото и просторот каде што ќе се искажат.
Новото решение на улицата „Ѓорѓи Пешков“ е трансформација во амбиентална пешачка зона со ниски станбени објекти, куќи со дворови и гостилници со вкупна површина од 2.000 метри квадратни. Импровизираните рампи ќе спречат паркирање на возила.На улицата се поставени коцки, кои не се нови, туку земени од неколку растурени улици во Скопје.
Од двете страни на улиците има комбинација од стар и нов дрворед од 24 дрвја до кои е доведена инсталациа за полевање со систем капка по капка. Осветлувањето е со 15 гусени декоративни фенери. Беше донесен и пајтон, но само како украсен . Тој е позајмен, за да се види како ќе го прифатат посетителите, соопштија од општина Центар.
Дебар Маало, вели градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски е боемската душа на Скопје.
За убавата атмосфера се погрижија Бени, Баклава, дуото „Маротови“ и дел од музичарите кои секојдневно ги обиколуваат дебармаалските кафеани.