Отворен Дневен центар за лица со интелектуална попреченост во Капиштец

Денеска Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, го отворија новиот Центар за лица со интелектуална попречаност на лица над 18 години, на улица Васил Ѓоргов" бр.4, во Капиштец.

„Огромно е задоволството што денеска присуствувам на отворањето на новиот Дневен центар за лица со интелектуална попреченост, што е резултат на заедничката иницијатива на Градот Скопје со Министерството за труд и социјална политика и Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА” Скопје. Водени од грижата за секој поединец и можноста да се обезбедат еднакви шанси за негов развој и напредок денеска заеднички ги отвораме вратите на новиот дневен центар за лица со интелектуална попреченост, во Капиштец. Центар кој треба да обезбеди дневно згрижување и престој, нега, исхрана, психосоцијална рехабилитација и реедукација, советодавна работа и услуги на организирано поминување на времето на лицата со попреченост во интелектуалниот развој. Во дневниот центар во кој ќе бидат опфатени  лица со умерена и тешка интелектуална попреченост на возраст над 18 години, ќе се изведуваат програмски активности кои ќе се однесуваат на реализација на индивидуална програма за работа за секое лице, но ќе има и програма за групни активности, како и работа со родителите на корисниците. Сево ова ќе овозможи оспособување за самостојно живеење, социјализација и интеграција на лицата со интелектуална попреченост во локалната заедница, работно-окупациони активности, практични и социјални активности“, истакна градоначалникот Трајановски.


Тој додаде и дека „унапредувањето на мрежата на дневни центри претставува одлична форма на вонинституционална заштита и социјална сервисна служба преку која практично се дава поддршка на лицата со пречки во развојот. Односно, ваквиот начин на згрижување на лица со интелектуална попреченост се покажал многу поуспешен и дава подобри резултати. Токму затоа е потребно да се поддржува работата на постојните и да се отвораат нови. Сакам да потенцирам дека Град Скопје и натаму ќе продолжи да ја дава својата финансиска поддршка за двата дневни центри, центарот во Аеродром (со  2.000.000 денари) и новиот во Капиштец (400.000 денари), преку обезбедување средства во Буџетот на Градот, на годишно ниво. Затоа што обезбедувањето на континуитет во работата на овие дневни центри овозможува социјализација и интеграција на лицата со интелектуална попреченост и претставува основен предуслов за разбивање и надминување на предрасудите и бариерите со кои тие се соочуваат. Сите ние заедно треба да работиме во насока на целосна и вистинска инклузија на лицата со посебни потреби и подигање на свеста кај институциите, но и кај граѓаните за потребата од прифаќање и поддршка на лицата со посебни потреби во сите сфери на општественото живеење“.

За непречено функционирање на Дневниот центар  во Капиштец склучен е договор  со кој Град Скопје обезбедува финансиски средства во висина од 400.000 денари на годишно ниво за трошоци за набавка на прехранбени продукти и дидактички материјали во дневниот центар.

Со договорот Министерството за труд и социјална политика, преку ЈУ МЦСР на Град Скопје ќе обезбеди средства за комунални трошоци за одржување на годишно ниво: трошоци за електрична енергија, вода, отстранување на смет, телефон и интернет и трошоци за хигиенски средства. Исто така МТСП обезбеди финансиски средства за адаптација и реновирање на објектот во висина од 1.000.000 денари.

Додека РЦПЛИП – ПОРАКА, преку својата локална организација ЦПЛИП – ПОРАКА Скопје, обезбедува 676.500 денари за набавка на дидактичка и други помагала и опрема за  просториите во дневниот центар, како и двајца стручни работници кои ќе работат во центарот, соопштија од Град Скопје.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе