Откако Бајрам престана да „копа“ биткоини во ГТЦ, договорите за годишно снабдување со струја се двојно помали

Последниот договор на АД ГТЦ со ЕСМ продажба  ДОЕЛ склучен лани на 16 ноември за годишна набавка на електрична енергија е за 6.359 мегаватчаса. Лани истиот договор бил за 12.779 мегаватчаса. Наеднаш истите дуќанџии, истата компанија има потреба за двојно помалку струја. Лани во ноември од магацините на ГТЦ беа изнесени бројни ригови инсталирани за потребите на Елвис Бајрам за „копање“ на биткоини. Така било со години. Заработувачка милионска, одговорност ничија.

Лани во ноември Бајрам беше присилен да ја пресели опремата од ГТЦ

Според последниот годишен договор за снабдување со електрична енергијата, АД ГТЦ за 40 милиони денари, без ДДВ, купува струја по цена од 6.291 денар по мегаватчас. Тоа значи дека проценката на АД ГТЦ за периодот од 1 декември 2021 до 30 ноември годинава е дека се потребни 6.359 мегаватчаса.

Потписниците на овој договор и во ноември 2020 година се договориле за снабдување со електрична енергија од 1 декември 2020 до 30 ноември 2021 година исто така за 40 милиони денари (без ДДВ) ама по цена од 3.130 денари за мегаватчас или 12.779 мегаватчаса.     

Случајно или не, токму лани во ноември се откри скандалот со „копањето“ криптовалути во магацинскиот простор на ГТЦ од страна на компанија на Елвис и Габриел Бајрам, советник во Град Скопје од партијата на Ромите, коалициски партнер на владеачката СДСМ.

Овој очигледен криминал со кражба на струја од ГТЦ, а дозволен од страна на АД ГТЦ на сметка на дуќанџиите остана неразјаснет. Сите се прават дека не се надлежни и дека всушност таму никој никогаш и не крадел струја затоа што и немало струјомери во магацините на ГТЦ. Но, фактите говорат поинаку. Сметката за струја која сопствениците на дуќани во Градскиот трговски центар во Скопје ја добиле по затворањето на подрумите во ГТЦ на 16 ноември 2021, каде браќата Бајрам држеле компјутери за копање биткоини, била помала за најмалку 40 отсто. Основани се сомневањата дека четири години дуќаните во ГТЦ плаќале струја и за бизнисите на браќата Бајрам. Нивните трошоци за струја се проценуваат на над 800.000 евра. На риговите за „копање“ биткоини потребно им е 24 часовно напојување со електрична енергија и тоа е најголемата ставка во овој бизнис.

Од АД ГТЦ постојано се повикуваат на методологијата за пресметка на трошоците за струја донесена уште во 2005 година. После таа година донесени се законите за лиценци за дистрибуција и продажба на електрична енергија, на вода, на топлинска енергија, за издавање на деловен и стандебн простор... Ниту една од овие лиценци АД ГТЦ не поседува.

Но затоа цената на струјата која им се наплаќа на дуќанџиите редовно е за најмалку 250 отсто поголема од набавната цена. Во времето на „копањето“ биткоини таа разлика одела и до 500 отсто. Ваквото префактурирање е недозволиво и со Законот за енергетика.

Не случајно, менаџментот на АД ГТЦ и натаму не им дозволува на сопствениците на дуќаните да имаат пристап до струјомерите.

А.Д.

Легенда под Главна слика

Лани во ноември Бајрам беше присилен да ја пресели опремата од ГТЦ

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе