Инспекторат на Град Скопје

Општина Кисела Вода доби казна од 1.800 евра за исеченото дрво за да се гледал билбордот на булеварот „Борис Трајковски“

Инспекторатот на Град Скопје, денеска на Општина Кисела Вода и одговорното лице им изрече максимална казна во висина од 1.800 евра поради бесправно исечено дрво на булеварот „Борис Трајковски“. Дрвото е исечено без дозвола и одобрение од Град Скопје.

Заштитата на зеленилото е врвен приоритет во животната средина, а брзата реакција е потврда дека градските инспекциски служби се на висина на задачата и дека неказнивоста во Скопје повеќе нема да се толерира.

На социјалните мрежи денеска имаше бројни реакции за сечењето на дрвото.

„Заштитата на зеленилото е врвен приоритет во животната средина, а брзата реакција е потврда дека градските инспекциски служби се на висина на задачата и дека неказнивоста во Скопје повеќе нема да се толерира", се вели во соопштението.

Вчера, во јавност се појави видео како во Кисела Вода се сечат здрави и големи дрва, со цел поубаво да се гледал билборд на една од политичките партии.

„Сечењето на белите дробови на Скопје не смее да се случи и природата не смее да трпи поради партиите. Затоа, ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД излезе на терен на истото место каде што беше исечено дрвото, засади ново дрво, а старото исечено го потпревме назад врз билбордот. Сепак, поубаво е кога е зелен“, велат од Зелен хуман град. 

„Вчера, во јавност се појави видео како во Кисела Вода се сечат здрави и големи дрва, со цел поубаво да се гледал билборд на една од политичките партии. Сечењето на белите дробови на Скопје не смее да се случи и природата не смее да трпи поради партиите. Затоа, ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД излезе на терен на истото место каде што беше исечено дрвото, засади ново дрво, а старото исечено го потпревме назад врз билбордот. Сепак, поубаво е кога е зелено“, велат од Зелен хуман град. 

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе