Општина Центар гради монтажна гаража на еден кат во Буњаковец (ФОТО)

Наместо кабаста конструкција од 29 метри и гаража на 8 ката, како што одлучи претходното раководство и беше зацртано во ДУП-от, сега општина Центар, на истиот простор, гради монтажен јавен паркинг на еден кат.

 

Со ова се надминува стравот на жителите околу Трговскиот центар „Буњаковец “, дека со 8 спратна гаража нема да има нормално струење на воздухот. Двојно се зголемуваат паркинг местата од 48 на 104 места и гаражата ќе има површина од 1.850 метри. Сите жители од општина Центар кои имаат паркинг-налепница од ПОЦ, бесплатно ќе можат да ја користат оваа гаража, соопштија од оптина Центар.

Од новата монтажна гаража ќе имат бенефит жителите, но и персоналот и купувачите во Трговскиот Центар, бидејќи ќе се надмине хаосот со паркирањето. Во пресрет им се излегува и на граѓаните од соседните згради. Имено, улицата „Владимир Полежановски" ќе стане еднонасочна, а тесното грло и сообраќајниот хаос ќе се реши со отстранување на паркиранг местата од улицата, велат оттаму.

Монтажната гаража се гради од еколошки материјал. Станува збор за челична поцинкувна конструкција, составена од модули.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе