Општина Центар ги награди најдобрите воспитувачки и негувателки (ФОТО)

Дваесет и две воспитувачки и негователки од градинките во општина Центар, денеска беа наградени како најдобри, најпосветени и најодговорни во својата работа.

 

„Вашата работа е исклучитечно битна. Вие од корен го создавате нашето образование.Основата на нашиот карактер и однесување се стекнува во градинките. Општеството доволно  не ја вреднува оваа одговорна работа.  Општина Центар особено внимание посветува на градинките и образованието. Изградивме нова, современа градинка со сопствени стредства во Капиштец, извршивме реконструкција на градинките каде што тоа беше неопходно, а сега на ред е целосна обнова на градинката „Пепелашка“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Овој проект општина Центар го спроведува трета година по ред, а градоначалникот Жерновски соопшти дека од идната година општина Центар ќе го вреднува  и наградува трудот и на целиот персонал во градинките.

За  вработените ова  е позитивна и благородна идеја со која се цени нивната работа.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе