Општина Центар ги казни кафулињата што пуштаат гласна музика

Акциите на инспекторите се спроведени после 23 часот на локации во Капиштец, Дебар маало, Буњаковец, улица Македонија и Кеј 13 Ноември, при што угостителските објекти се опоменати да ги почитуваат граничните вредности за бучава во животната средина.

По зголемениот број пријави од граѓани за гласна музика од угостителските објекти во ноќните часови, особено во летниот период, Секторот за Инспекциски работи на Општина Центар во периодот од мај до септември спроведе акции за мерење на бучавата од гласна музика.

Акциите се спроведени на различни локации на територија на општината, во ноќните часови, после 23 часот. Акциите се спроведени на локации во Капиштец, Дебар маало, Буњаковец, улица Македонија и Кеј 13 Ноември, при што се поминати повеќе локали и опоменати се да ги почитуваат граничните вредности за бучава во животната средина.

„Мерењата се извршени од овластена лабораторија за животна средина и мерење на ниво на бучава, со која општината има склучен договор. Согласно извештаите од мерењата на бучава предизвикана од гласна музика, измерените вредности во сите случаи ги надминуваат дозволените гранични вредности. За сите локали се започнати инспекциски постапки, при што угостителските објекти се задолжени да преземат мерки во одреден рок, за намалување на бучавата. При контролните мерења, повторно се констатирани надминувања на граничните вредности, за што локалите се казнети со платен налог за наплата на глоба во висина од 360.000 до 800.000 денари, во зависност од тежината на сторениот прекршок. Доколку не биде платена глобата, се поведува постапка во Основен суд", информираат од Општина Центар.

Општината апелира до сите управители и сопственици на угостителски објекти, да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обѕири кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да го почитуваат Законот за заштита од бучава во животната средина.

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе