Вкупната должина на новата улица изнесува околу еден километар, а широчината 6 метри. Пред асфалтирањето на улицата беше изведена комплетна фекална и атмосферска канализација и водоводна мрежа, соопштија од општиан Аеродром.
Улицата, исто така, има тротоари од двете страни од по два метри и соодветно јавно осветлување, а има обезбедено и околу 200 паркинг-места, така што новата улица не само што ќе овозможи пристап до објектите што се градат покрај реката, туку и ќе им го олесни паркирањето на граѓаните од најблиските згради покрај булеварот „АСНОМ“.
Вкупната вредност за изградба на новата улица е околу 35 милиони денари, обезбедени од Буџетот на општина Аеродром, велат оттаму.