Општина Аеродром: Нова улица покрај Вардар (ФОТО)

Општина Аеродром деновиве изгради нова улица покрај реката Вардар на потегот од СЦ „Јане Сандански" до булеварот „Србија", поточно покрај булеварот „АСНОМ".

Вкупната должина на новата улица изнесува околу еден километар, а широчината 6 метри. Пред асфалтирањето на улицата беше изведена комплетна фекална и атмосферска канализација и водоводна мрежа, соопштија од општиан Аеродром.

Улицата, исто така, има тротоари од двете страни од по два метри и соодветно јавно осветлување, а има обезбедено и околу 200 паркинг-места, така што новата улица не само што ќе овозможи пристап до објектите што се градат покрај реката, туку и ќе им го олесни паркирањето на граѓаните од најблиските згради покрај булеварот „АСНОМ“.

Вкупната вредност за изградба на новата улица е околу 35 милиони денари, обезбедени од Буџетот на општина Аеродром, велат оттаму.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе