Соопштение

Општина Аеродром не потрошила ниту денар за репрезентација и патувања

„За првпат од своето постоење, Општина Аеродром во една буџетска година ќе потроши 0 денари за репрезентација и патни трошоци. За споредба, во 2021 година, до почетокот на мандатот на градоначалникот Тимчо Муцунски за угостителски услуги биле потрошени 167.279,00 денари, а за патни трошоци 155.941,00 денари“, соопшти Општината.

„Ова е година на голема криза која сериозно го погоди и намали буџетот на Општината. Единствениот начин да инвестираме и да чекориме напред, е токму преку отстранување на непродуктивните трошоци кои служат за лични привилегии и немаат никаков директен бенефит за аеродромци“, се вели во соопштението.

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе