Одбележан 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје

Денеска ја имаме можноста да живееме во слободен град, но тоа е и аманетот кој ни го оставија оние кои жртвата ја положија за да живееме во ваков град. Да гледаме кон иднината, да ја живееме сегашноста, надевајќи се дека ќе можеме да ги надминеме разликите и повторно да го направиме Скопје град на солидарноста и град на соживотот, порача градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на денешното одбележување на Денот на ослободувањето на Скопје пред Владата.

Во обраќањето таа кажа дека скопјани можат да се обединат и сите заедно да почнат да ја реализираат визијата за модерно, европско и поубаво Скопје.

„Денешниот ден е е важен затоа што не е важно само да го чествуваме, туку и да запаметиме и да се сеќаваме што е она што другите го дале за денеска да живееме во слободно Скопје и во слободна Македонија. Да докажеме дека оваа слобода ја заслужуваме со тоа што ќе покажеме дека знаеме да го цениме сѐ она што ни е оставено и да го направиме овој град поубаво место за живот“, рече Арсовска.

Претседателот на градската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна, Наум Буревски, посочи оти Скопје има голема историска победа направена во 44-та година затоа што Скопје, како што рече, е ослободено од своја армија, организирана во единици со свои војници и со свои команданти.

„Скопје има широка историја, и пред 41 година и после 44 година од културен, образовен, просветен и секаков живот. Скопје го ослободија три дивизии на Народноослободителната борба, тоа е Третата, Дванаесетата и Шестнаесетата бригада. Пред да влезат бригадите, во Скопје беа организирани преку 20 групи, кои го попречуваа влегувањето на фашистичките сили“, изјави Буревски.

Тој ги повика сите граѓани, посебно политичките партии, да се издигнат над политичките сфаќања и заеднички да ја градат иднината.

По повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Град Скопје денеска Арсовска положи цвеќе пред Споменикот на ослободителите на градот Скопје на Партизанските гробишта „Бутел“ и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски на градските гробишта „Бутел“.

На гробиштата во Бутел, цвеќиња положија и делегации од Кабинетот на претседателот на државата, Собранието, Владата, Министерството за одбрана, Генералштабот, Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна – Скопје, како и делегации од општините на Град Скопје, јавни претпријатија, културни установи, Црвниот крст на град Скопје, дипломатскиот кор и граѓани.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе