Од утре во Скопје теренско прскање против комарци, за викендот од авион

Oд утре и во наредните неколку дена на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична (од земја) и авионска дезинсекција против комарци, информира прес-службага на Град Скопје.

Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се одвива од  среда до сабота во ноќните часови од 22 до 3 часот.  Авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци пак, ќе се одвива во сабота и во недела во раните утрински часови, информира Градот и додава дека доколку временските услови не дозволуваат да се прска, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Пчеларите треба навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, се потсетува во соопштението.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе