Укинат мораториум

Од утре, по одлуката на Уставниот суд, се отворa теренот за градби во Општина Центар

Уставниот суд ја укина одлуката за забрана за градба на територијата на Општина Центар, т.н. мораториум. Од утре ќе може да се гради според старите детални урбанистички планови донесени во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Во ова меѓувреме, општината и Министерството за транспорт во најкласична бирократска игра со префрлање на топката за тоа кој треба да ги направи стручните елаборати за неусогласеноста на деталните планови со Генералниот урбанистички план на Град Скопје. И така се отвори теренот за градби, како на пример на локациите како Холидеј ин или Треска.

„Уставниот суд ја укина Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови донесена од Советот на Општина Центар на 27 март 2019 година и го стави вон сила Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на актот, означен во точката 1 од оваа одлука“, се вели во соопштението на Уставен суд.

Саша Богдановиќ, градоначалникот на Општина Центар лани, кога Уставниот суд донесе времена мерка за укинување на мораториумот, рече дека имаат и други начини како да се спречи непланското градење додека не се променат сите планови.

Одлуката за мораториум на градежните активности на територијата на Општина Центар ја донесе Советот на 27 декември 2017, кога беше запрена реализацијата на 31 детален план.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе