Јавно сообраќајно претпријатие Скопје

Од петок пак бесплатен превоз за пензионерите

Јавното сообраќајно претпријатие денеска соопшти дека од петок продолжува да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица (жени со/над 62 год, мажи со/над 64 год) . Бесплатниот превоз продолжува да важи во вторник, петок, сабота и недела.

„Ве информираме дека од петок (29.05.2020 год) продолжува да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица (жени со/над 62 год, мажи со/над 64 год) во вторник, петок, сабота и недела.ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од ковид-19“, се вели во соопштението на ЈСП. 

Од денеска, автобусите на ЈСП и на приватните превозни ќе возат цел ден, односно од 5 часот до полноќ, по вчерашната одлука на Владата за укинување на полицискиот час како мерка за заштита од коронавирусот.

Автобусите ќе сообраќаат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои ќе возат по редуциран делничен возен ред.

Од претпријатието апелираат на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од ковид – 19.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе