Од невремето се урна потпорен ѕид во скопска Пинтија

Екипи од ЈП Улици и патишта интервенират во расчистување на разрушениот потпорен ѕид на бул. „Борис Трајковски“ во населба Пинтија. Се работи за разрушен потпорен ѕид во должина од над 30-тина метри, а причина за негово оштетување се неповолните временски услови односно наносот на поројниот дожд кој овие два дена го зафати Скопје.

Како што соопштија од Град Скопје, екипите на ЈП Улици и патишта - Скопје со брза интервенција веднаш по настанатото оштетување на паднатиот потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ на семафорите во населба Пинтија, вршат негово расчистување.

Се огласи и градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски кој соопшти дека веднаш после пријавите од сограѓани излегле на терен, а мобилизирани се и екипите на јавните претпријатија на градот Скопје со цел заеднички да се превенира уште поголема катастрофа.

„ Првично ќе се делува на заштита на населението кое транзитира тука, односно ќе се затвори еден дел од булеварот, а потоа веднаш почнуваме со расчистување и санација на ѕидот.

Во наредните денови, сето ова ќе биде вратено не во првобитната состојба, туку во уште подобрена за да не ни се случуваат повеќе вакви работи и да го нарушуваат мирот, но и безбедноста на граѓаните.

Тука сакам да истакнам и дека, во периодот што следи ќе биде извршена детална проверка на сите градби кои се направени во минатото, со цел да утврдиме дали можат да одговорат на временските неприлики кои и понатаму ќе се случуваат но и онаму каде што има потреба од дополнителни зафати да делуваме, затоа што безбедноста на моите сограѓани е приоритет.

 Покрај тоа, сакам да најавам дека во наредниот период е бидат извршени детални контроли од инспекциските служби за квалитетот на изградба на потпорните ѕидови и на приватните парцели, особено онаму каде што теренот е стрмен.

Таму каде што ќе биде утврдено дека се направиле недостатоци при градењето од различни причини, во наредниот период ќе прецизираме како ќе постапиме.

За жал, не можеме да ги спречиме временските непогоди, но можеме да делуваме во иднина да не ни се случуваат вакви или поголеми штети, или не дај Боже – трагедии“, пишува во соопштението од Ѓорѓиевски.

 

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе