Министерство за здравство

Од наредната недела стартува телемедицината во Македонија

Проектот за телемедицина на Министерството за здравство ќе почне да се ртеализира веќе од наредната недела. Со почетокот на реализацијата на првата фаза од овој проект, лекарите од земјава преку видео или аудиоврска ќе комуницираат меѓу себе.

Според Никола Тодоров, министерот за здравство на Македонија телемедицината претставува комплексен и современ технолошки процес за комуникација меѓу лекарите од внатрешноста на земјава од болниците во Битола, Штип, Струмица, Велес и Тетово кои што ќе се советуваат со специјалистите од скопскиот Клинички центар.

„Проектот за телемедицина како современа медицина има за цел преку видео и аудиоврска да воспостави професионална комуникација меѓу лекарите-специјалисти од секундарните здравствени установи од една страна и специјалистите од универзитетските клиники од друга страна. Ваквиот вид комуникација ќе овозможи поефикасна соработка која веруваме ќе придонесе за унапредување на исходот од грижата за пациентите, ќе намали беспотребно патување на пациентите до Скопје, како и непотребното губење време на пациентот до најсоодветната дестинација“, смета министерот Тодоров.

Со овој проект локалниот лекар ќе добие можност во рамки на еден ден во неделата во периодот од од 7 до 11 часот да закаже телемедицински пациенти за кои ја констатирал потребата во тек на изминатата недела. На тој начин секоја специјалност ќе добие можност еден ден во неделата за телеконсултација, а лекарот ќе им биде достапен според распоредот.

„Локалниот лекар добива можност да закаже консултација за хоспитализиран пациент секој ден од 13 до 15 часот без разлика која специјалност е. Тој за оваа консултација поднесува барање за термин за пациент до партнерскиот лекар“, вели Тодоров.

Комуникацијата меѓу лекарите ќе се одвива преку специјална софтверска апликација со можност за комуникација меѓу колегите од установите од секундарна здравствена заштита. Во терциерната установа може да ја има на кој било компјутер, таблет или смартфон и станува збор за софтверска апликација која е наменета за онлајн состаноци помеѓу повеќе страни во исто време.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе