Поради технички интервенции

Утре без струја објектите од индустриската зона на „Борис Трајковски“

Утре од 7 до 18 часот струја ќе немаат корисниците од објектите во индустриската зона на булевар „Борис Трајковски“ лоцирани на потегот од населба Пинтија кон село Батинци во општина Кисела Вода. 

Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЕВН, соопшти дека причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија се технички интервенции во електродистрибутивната мрежа.

РЦУК информира и за прекини во делови во Карпош, во понеделник, 3 октомври, од 9 до 11 часот, кога струја ќе немаат корисниците од булевар „Партизански одреди" зграда број 165, а од 9 до 14 часот корисниците од дел од улица „Дамаска".

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе