Како што најави приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз", блокирањето ќе биде со повеќе од 30 автобуси и повеќе од 300 луѓе.
Министерството за внатрешни работи информира дека утрово со почеток во 7 часот, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на булеварите .„Гоце Делчев" и „Крсте Петков Мисирков" како и на околните улици.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.