Обвинетиот за сообраќајката кај „Сити мол“ призна вина, обвинителот бара казна со нула толеранција

Јордан Ѓорѓиев денеска пред во судот изјави дека признава вина и многу се кае за стореното дело. Toj на 20 јануари пред Сити мол во Скопје предизвика сообраќајка во која животот го загуби 24-годишната Викторија Николова од Радовиш, а со повреди се здоби нејзиното момче Леонид Даов. Пресудата ќе биде изречена в понеделник.

На денешното рочиште адвокатот Владимир Михајловиќ, кој го застапуваше семејството Николови, изјави дека според доказите што биле изнесени на Ѓорѓиев не му останало ништо друго освен да признае вина. Според обвинението, тој возел со брзина од 67,3 километри на час, што е 17,3 километри на час повеќе од пропишаната брзина

Обвинетиот пред судијката Љубинка Бошевска изјави дека признава вина и многу се кае за стореното дело.

,,Се чувствувам виновен и многу се каам за стореното дело. Признанието го давам свесно, без никакви уцени и свесен сум за последиците од истото”, изјави Ѓорѓиев. Неговиот адвокат Душко Јанковиќ побара да се земе предвид неговата каење и да се намали казната за стореното дело.

Михајлович, адвокатот на семејството Николови кажа дека нема да бара имотно-правни побарувања, додека адвокатката на оштетениот Леонид Даов, Билјана Андонова, рече дека ќе бара отштета.

Јавниот обвинител и Андонова побараа казна со нула толеранција бидејќи, како што кажаа, несреќата се случила на пешачки премин.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе