Оваа активност општината ја реализира еднаш месечно, по претходно утврден список на 150 семејства добиен од Министерството за труд и социјална политика.
Во соработка со Банка за храна и здружението Хуманост, како што соопштија од Општината, во тек е и акцијата за помош и поддршка на пензионери со ниски примања.
На повозрасните граѓани овој период им се доставуваат пакети со прехранбени и хигиенски производи, а главната цел на акцијата е да се обезбедат пакети за сите пензионери со ниски примања кои живеат на територија на општината.