КАПИШТЕЦ

Отворена најсовремената градинка „Кочо Рацин“ во општина Центар (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Денеска напладне во скопската населба Капиштец беше пуштена во употреба реновираната градинка „Кочо Рацин“.

 

Новите простории на градинката се како од бајките: весели шарени масички и столчиња, удобни креветчиња и безброј убави играчки.

Освен естетски пријатниот изглед, објектот има енергетски ефикасна фасада, подно греење, голема аула со трибини, занимални со најсовремен мебел, посебни простории за потребите на децата, кујна со лифт за храна и капацитет од оброци 550 дневно, рекоа од општина Центар на отворањето, кое беше проследено со приредба, на која присуствуваа градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, претседателот на СДСМ Зоран Заев, родители, амбасадори, политичари, советници, пратеници...

Жерновски рече дека ова е прва градинка изградена исклучиво со општински пари. 

„Градинката ќе биде втор, нов дом за Вас, децата, топло, убаво и функционално место. При изградбата се користени врвни и долготрајни материјали и се запазени сите светски критериуми за изградба на ваков објект“, рече Жерновски.

Реновираната градинка има површина од 2.800 м2 и е три и пол пати поголема од старата, руинирана градинка, изградена пред 51 година.

Капацитетот ќе биде за повеќе од 250 деца и чини 2 милиони евра. Ова е прва градинка што се гради во општина Центар, рече Жерновски, по 41 година.

Ова е единствен јавен објект со винил облога, која е анти-алергена, со подно греење, со прекрасни и современи занимални, тоалети и простории за одмор.

„Од овој момент, драги деца, оваа градинка е Ваша“, порача Жерновски.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе