Нова победи на два меѓународни натпревари по математика

Учениците од меѓународните училишта НОВА остварија голем успех на традиционалните меѓународни натпревари по математика за основни и средни училишта кои годинава се одржаа во Романија и Албанија во организација на Асоцијацијата на акредитирани меѓународни училишта од Југоисточна Европа (CEESA).

 

На натпреварот по математика за средни училишта кој се одржа од 6 до 9 февруари во Букурешт, Романија, тимот на НОВА го освои првото место во тимскиот дел од натпреварувањето. Тимот го предводеше Васил Кузевски кој веќе има учествувано на вакви натпреварувања, Сергеј Груневски и најмладиот натпреварувач Стефан Петревски, кој за првпат имаше можност да се натпреварува и тоа со повозрасни и поискусни натпреварувачи. Надополнување на успехот на училиштето беше и освоеното второ место на Васил Кузевски во сениорските натпревари за поединци.

На натпреварувањето по математика за основни училишта кое што се одржа од 6 до 9 февруари во Тирана, учениците од НОВА исто така покажаа исклучително знаење и снаодливост при решавање на зададените математички проблеми при што едниот тим на ученици го освои првото место, додека вториот тим исто така имаше успешен настап каде на индивидуалниот дел од натпреварувањето дури четворица ученици се најдоа помеѓу најдобрите осум математичари.

Овој успех е потврда дека напорната работа се исплати. Ние цела година работевме со учениците на решавање на најсложени математички проблеми за што учениците вложија многу труд и време и затоа овој нивен успех не е воопшто случаен“, изјави Николче Петровски кој заедно со Јасмина Ѓуровска- Блажевска ги подготвуваа учениците од основното училиште за нивниот натпревар. 

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе