Во општината Центар

Нов сообраќаен режим околу ТЦ „Буњаковец“ и пешачки платоа

Општина Центар најави изградба на подигнати пешачки платоа во близината на градинките и основните училишта со цел да се зголеми безбедноста на децата. Се организира и нов сообраќаен режим околу трговскиот центар „Буњаковец“. Поради градежните зафати од кои дел ќе траат до Нова година, од општината апелираат на трпеливост на граѓаните и учесниците во сообраќајот.

Општина Центар информира дека започна со изведба на три издигнати пешачки платоа заради поголема безбедност во зоните на детските градинки и основните училишта.

Трите издигнати пешачки платоа се изведуваат на улиците „Никола Тримпаре", „Апостол Гусларот" и улицата „9 Мај", во непосредна близина на општинското основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци", матичниот објект на градинката „13 Ноември" и клонот Наум Наумовски Борче на градинката „Кочо Рацин".

Покрај тоа, дополнително ќе бидат изведени уште шест пешачки платоа, со што ќе се зголеми безбедноста на пешаците и на децата кои престојуваат во градинките и посетуваат настава во основните училишта. На овие локации ќе се постави нова вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација.

„Изведбата на пешачките платоа ќе биде готова до крајот на оваа година, а поради градежните зафати ќе се изврши и времена измена на сообраќајот. Апелираме до граѓаните за трпение и разбирање во период додека траат градежните работи, со цел ефикасност на изведбата и поскоро пуштање во употреба на издигнатите пешачки платоа", информира Општината.

Оттаму го најавија и новото сообраќајно решение за делот околу трговскиот центар „Буњаковец". Поради оштетувањата на знаците, после 10 години, во реонот на ТЦ „Буњаковец" ќе се постави нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.

„Со поставувањето на новиот сообраќаен режим, ќе се олесни движењето на сите учесници во сообраќајот во овој дел од Центар, ќе се подобри ориентацијата и ќе се зголеми безбедноста на пешаците, велосипедистите и корисниците на алтернативните видови на сообраќај", велат од општина Центар.

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе