Жителите се задоволни бидејќи добија ново зеленило, дрвја и цвеќиња, по цели 40 години.
„Толку убави површини не сме имале. Ова е навистина прекрасно“, велат граѓаните.
Местото го уреди општина Центар, но сега, заедно со граѓаните, истото треба и да се одржува, велат од општината.
Новата зелена оаза е на површина од 4.800 м2. Насадени се шест високородни листопадни садници, 1.800 зимзелени листопадни грмушки и 3.000 парчиња цветен расад, кој ќе се менува сезонски. Поставен е и целосно нов систем за полевање. Засадени се жардинерите и меѓу зградите се поставени декоративни, заштитни зелени ѕидови. Ниското зеленило, кое е поставено на овој потег, има ист ефект за прочистување на воздухот како и високите дрвја.
Ова е парк за сите генерации. Наутро, за бабите и дедовците со внуците, а навечер е прекрасна атмосфера за прошетка и убаво поминато време на младите.
Веќе наредната недела, општина Центар ќе ги санира и патеките, се вели во денешното соопштение на општина Центар.