ЈП Паркови и зеленило

Нов летен расад ги разубавува цветните леи и фигури низ Скопје

Екипите на ЈП Паркови и зеленило деновиве интензивно работат на терен и ги подготвуваат површините за садење летен расад на цвеќиња, како и на замена на пролетниот со летен цветен расад, вели Градот во соопштение.

Екипите ги разубавуваат леите и цветните фигури со садење цветен расад од видовите: тагетес, агератум, бегонија, целозија, колеус, цинија, цинерарија, салвија, пеларгониум и далија.

Наведените видови цвеќе се од сопственото производство, односно од производствените капацитети на претпријатието. Сезонски цветен расад екипите садеа во реоните Капиштец, Центар и во Автокоманда. Поради високите температури интензивно се наводнува зеленилото, а онаму каде што нема поставено систем за наводнување се носи вода со цистерни.

Екипите на ЈП Паркови и зеленило со цистерна го наводнуваа зеленилото во реонот Бутел и во Градски парк. Секторот дрвореди по барање на ЈСП за кастрење гранки што им пречат на двокатните автобуси изврши кастрење на 47 гранки на дрвја на булевар Кузман Јосифовски Питу, на потегот од Веро Џамбо до Железничката станица и од Железничката станица до трговскиот центар Бисер.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе