Ноќниот живот во Чаир и Топаана за време на полициски час (ФОТО+ВИДЕО)

Улични журки во дел од Скопје додека е во сила забраната за движење.

Така беше синоќа во скопската населба Топаана, каде што околу 21.30 часот снимивме повеќе од педесетина возрасни и деца што слободно шетаат, играат, се дружат на улица без препорачаното социјално растојание и стануваат агресивни кога ќе видат дека држите камера во раце.

На оддалеченост од стотина метри стоеше полициска патрола.

Малку помирно беше во Чаир. Но и таму она што беше невообичаено е дека деца сѐ уште си играа по улиците, имаше отворени продавници, сендвичарници, чајџилници, во кои имаше гости, парови шетаа по улиците... И покрај тоа што и тука на мала оддалеченост стоеше полициска патрола, атмосферата беше како да нема полициски час.


Социјалните мрежи вријат од фотографии од тој дел од Скопје, на кои се гледаат ифтар-вечери без почитување на пропишаните упатства во борбата против ширењето на коронавирусот.

A.Д.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе