ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Неодамна почна изградба на четири нови улици во Стар Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, на денешната прес-конференција во Општина Аеродром, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, информираа за увидот во градежните работи во населбата Стар Аеродром, поточно во изградбата на 4 комплетно нови улици, што почна неодамна.

Станува збор за изградба на фекална и атмосферска канализација, асфалтирање, тротоари и јавно осветлување на улиците „Пандил Шишков“, „Вангел Тодоровски“ и двете новопроектирани улици 4 и 5 во населбата Стар Аеродром во вкупна должина од околу 800 метри и широчина од 7 метри,соопштија од општина Аеродорм.

Изградбата на овие 4 улици, како што рече градоначалникот Коневски, заедно со неодамнешната реконструкција на улицата „Методија Шаторов – Шарло“ (поранешна Руди Чајавец) значи зајакнување на инфраструктурата во оваа населба со нови објекти за домување и има витално значење за урбаното живеење на нејзините жители.

Новата инфраструктура, како што рече градоначалникот Коневски, се очекува да го задоволи неопходниот капацитет за новите станбени објекти во овој дел од Општината.

Исто така, целосно ќе се реконструира и улицата „Васко Карангелески“, која е во надлежност на Град Скопје, од каде најавија и пробивање нова улица од булеварот „Трета Македонска бригада“ до воениот базен. Улицата „Васко Карангелески“ ќе се реконструира и во делот од Мајчин дом до хотел „Русија“.

Градоначалникот Трајановски, исто така, најави дека во претстојниот период дека ќе биде реконструиран и булеварот „Февруарски поход“ и тоа од булеварот „Видое Смилевски Бато“ до булеварот „АСНОМ“.

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе