Бранителите на животните повикуваат на фактите

Нема ниту еден случај на беснило кај мачките, неодговорни медиуми шпекулираат и креваат паника

Во Ветеринарен институт не е откриен ниту еден случај на беснило кај мачките – нема случај на востановена дијагноза, како ни референтна лабораторија во Македонија која може ова да го потврди!

 Ова со факти го тврди Здружение за заштита на животни „АНИМА МУНДИ“ кое бара сите надлежни институции во Македонија да излезат пред јавноста и да ги демантираат сите невистини и непроверени информации што се пласираат во одередни медиуми, а кои имаат сосема поинаква цел. Не да го заштитат населението, туку да оправдаат масовно убивање на бездомни животни. Рекациите од штитениците на бездомните животни во Скопје доаѓаат по веста дека во Радишани мачка со симптоми на беснило нападнала скопјанец и дека бил регистриран уште еден таков случај.

Ваквото неодговорно пласирање на информации за кои не постои никаква поткрепа од какво било стручно лице не само што предизвикуваат непотребен страв кај граѓаните, туку можат да покренат многу несакани последици за кои утре треба некој да одговара. Во случајов најголемата одговорност е кај медиумите кои пласираат вакви недоквакани вести. Затоа, со право бранителите на животните ги повикуваат стручните лица да проговорат со факти.

 Ви ја пренесуваме реакцијата од Анима Мунди во целост:

 „Во одредени медиуми прочитавме медиумски изјави кои се повикуваат на извори од Ветеринарен институт, дека е констатирано беснило во Скопје кај две улични мачки , како и дека ветеринарните власти се подготвуваат во текот на денешниот ден да ја алармираат јавноста.

Како станува збор за непроверени информации , шпекулации, или ненамерна новинарска грешка (ИМЕНО РАСПОЛАГАМЕ СО СИГУРНИ ТВРДЕЊА ДЕКА ДО МОМЕНТОВ НЕ Е ОТКРИЕН НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ НА БЕСНИЛО КАЈ МАЧКИТЕ ВО ВЕТЕРИНАРЕН ИНСТИТУТ – нема случај на востановена дијагноза, како ни референтна лабораторија во Македонија која може ова да го потврди!)– со што се сее страв кај граѓаните и крева сериозна паника на населението, додека напоредно се врши масовно заловување на кучињата во бројни населби. Бараме Факултетот за Ветеринарна медицина, Ветеринарниот Институт, Агенција за храна и ветеринаство да излезат јавно и да ги демантираат произволните тврдења, кои се штетни за сите нас и погубни за животните“

Првиот круг од претседателските избори покажа една битна карактеристика – мнозинството од граѓаните повеќе и веруваат на сегашната власт дека ќе ги заштити нивните интереси, посебно во поглед на круцијалните прашања како што е прашањето за името, сувереноста и интегритетот на државата.

повеќе

Во компаративната анализа на претседателските кампањи на Иванов и Пендаровски, авторот Ѓорѓи Спасов целосно ги занемарува реалните прилики во земјава, во кои се одвива изборното соочување.

повеќе

Во споредба со својата долга историја, Македонците малку време имале држава, но секогаш биле со висок борбен дух и со храбри лидери. Желбата за лидерство дури често пати водела до самoуништување.

повеќе

МКД.мк на Facebook