Нема договор меѓу Град Скопје и приватните превозници, утре пак блокади

Приватните превозници денеска ќе одлучат како ќе се одвива нивниот утрешен протест – со блокада само на раскрсницата кај Мавровка, или 200 нивни автобуси ќе блокираат неколку раскрсници во центарот на градот со што може да дојде до целосна блокада на сообраќајот во главниот град. Договор за исплата на долгот на ЈСП Скопје кон приватните превозници – нема.

Инспектори на УЈП и на финансиската полиција ја проверуваат документацијата на ЈСП и на приватните автобуски превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“.

Претставници од приватните превозници велат дека денеска ќе имаат координативен состанок за понатамошно дејствување, по што ќе ги објават деталите за нивното натамошно дејствивање.

Според „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ ЈСП и Град Скопје им должи околу 1,5 милиони евра.

Градоначалничката Данела Арсовска вели дека ќе се распише нов јавен повик на кој ќе можат да се јават приватни превозници. И на последната седница на Советот на Град Скопје решение не се најде.

И Владата се оградува од проблемите меѓу Град Скопје и приватните превозници. „Надлежностите за јавниот превоз се на Град Скопје. Локалната власт е таа што треба да работи за граѓаните. Согласно Законот за Град Скопје, регулирањето и организирањето на јавниот градски и приградски превоз на патници е во целосна и единствена надлежност на Град Скопје. Оттаму, сите барања од превозниците треба да се упатат пред се до градските власти во Скопје, кои пак веднаш и одговорно треба да обезбедат мерки за надминување на ситуацијата“, порачаа од Владата.

Арсовска во интервју за „Телма“ рече дека не преговара со луѓе кои уценуваат и навредуваат и кои го прават ова, како што рече, бидејќи вистината не е на нивна страна.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе