Во екот на празничниот транс

Некој да ја залепеше паднатата плоча на свети Климент?

Вчера сите наши политичари и партии испратија честитки и ги исполнија протоколите по повод празникот Свети Климент Охридски. Па напишаа како се слават ликот и делото на свети Климент Охридски, патронот на Македонската православна црква, голем словенски просветител, книжевник, учител, првиот словенски епископ и основач на големата Охридска книжевна школа... Дека свети Климент Охридски е длабоко врежан во македонската историска меморија и дека се работи за човек што со своето цивилизациско дело, кириличната азбука, се запишал со златни букви во словенскиот свет, но и во европската и светската духовна и културна ризница. Уште само некој да ја залепеше паднатата плоча под споменикот на светителот во центарот на Скопје, во непосредна близина на Соборниот храм на МПЦ.

Фото: Роберт Атанасовски

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе