Не се јавувајте на дојдовни повици од неидентификувани броеви од странство

Дојдовни повици од неидентификувани броеви од странство кон повеќе корисници во државава се регистрирани од изутринава. За повиците граѓаните споделуваат на социјалните мрежи, изразуваат загриженост и меѓусебно се предупредуваат да не одговараат на повиците.

Од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), регулаторното тело во телекомуникациската област, најавија дека наскоро ќе објават соопштение со насоки до граѓаните, а став за состојбата најавија и телекомуникациските ператори.

Апел за превенирање на ваквите активности преку Фејсбук објави поранешната пратеничка Фросина Ременски, истакнувајќи дека е потребен одговор од надлежните институции за да нема шпекулациi.

„За да се избегнат какви било штети и шпекулации, има надлежни институции кои треба да го превенираат ова. Не сакам да верувам дека, зад оваа „масовност“ се крие таргетирана разузнавачка операција. За да нема шпекулации потребен е одговор“, објави Ременски на Фејсбук.

Речиси сите повици биле кон броеви на Македонски телеком од каде што велат дека најверојатно се работи за хакерски напад. Ако одговорите на повикот, се поврзувате со т.н. премиум броеви и ве задржуваат што е можно подолго на линија, а тоа значи и поголема сметка.

Вакви измами во минатите неколку години се регистрирани во повеќе земји во светот. Во минатите неколку недели се забележани вакви повици од телефонски броеви со префикси од Естонија, Литванија и Нигерија.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе