Назначени новите в.д. директори на jавните претпријатија во Скопје

Денес се назначени новите в.д. директори на jавните претпријатија во Скопје. Градоначалничката Данела Арсовска вели дека Градот Скопје ќе продолжи да функционира како и досега, но со личности што ќе имаат повеќе интегритет од досегашните директори на јавните претпријатија, кои единственото нешто што ги интересираше беа политички мотивирани заднини.

Со ЈП Лајка назначена е да раководи Радмила Пешева, додека со ЈП Улици и патишта Саид Саид. На в.д. директорската позиција во ЈП Паркинг назначен е Крсте Петревски, во ЈП Паркови и зеленила Реџепи Зухејр, додека со ЈП Дрисла назначен е Александар Кузинаков.

Во ЈП Комунална хигиена продолжуваат со раководство Косана Мазнева, ЈСП Александар Стојковски и ЈП Водовод Марјан Митевски.

Новите в.д. директори ќе имаат обврска и одговорност во следните 6 месеци да ги спроведат неопходните реформи со цел консолидација на јавните претпријатија во периодот кој следи од аспект на справување со економската и енергетската криза. Обврските се во насока на оптимизација на средствата и процесите, намалување на трошоците и кратење на сите непродуктивни трошења, како и спроведување на реформата во сегментот на вработувања во претпријатијата со која нема да се дозволи лица кои не одат на работа или не ги извршуваат работните обврски да бидат платени од буџетските средства.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе