„Советот едногласно ја одобри одлуката. Тоа значи дека од сметката 425990, програма Е0 одбиваме 1.200.000 денари и истите ги додаваме на сметката 412110 програма А0 – постојани резерви“, изјави градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.
Советот на општината формираше и комисија со претставници од сите партии во Советот на Општина Чаир и еден вработен од општинската администрација, кои ќе одлучуваат за распределбата на овие средства.