Наместо за новогодишно украсување, Општина Чаир парите ќе им ги додели на семејствата на жртвите во несреќата

Советот на Општина Чаир денеска на вонредна седница одлучи да им се додели парична помош на семејствата чии роднини ги загубија животите во трагичната несреќа што се случи вчера во Бугарија, а советниците едногласно се согласиле за тоа да се пренаменат средствата предвидени за украсување на територијата на Чаир за новогодишните празници.

„Советот едногласно ја одобри одлуката. Тоа значи дека од сметката 425990, програма Е0 одбиваме 1.200.000 денари и истите ги додаваме на сметката 412110 програма А0 – постојани резерви“, изјави градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Советот на општината формираше и комисија со претставници од сите партии во Советот на Општина Чаир и еден вработен од општинската администрација, кои ќе одлучуваат за распределбата на овие средства.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе