ОПШТИНА ЦЕНТАР

Наместо улица, на Кејот ќе има дрвја, зеленило и урбана опрема

Советниците на општина Центар денеска со 12 гласа „за“ донесоа одлука за изглед на градба, пешачки улици и патека на ул. Кеј 13-ти Ноември, на потегот од улица “Филип Втори Македонски“ до објектот на Телеком.

Граѓаните, сопственици на објектите на кејот на Вардар кои присуствуваа на седницата, со аплауз го поздравија носењето на оваа одлука, со што на овој потег нема да се гради улица, туку според програмата на општината, ќе биде поставено зеленило, клупи, чешми и жардинери со дрвја кои би имале функција на дрвореди.

Советниците од советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ жестоко се спротивставија на ваквата одлука и прашаа што ќе биде постигнато со носењето на вакви документи. Иако рекоа дека ќе застанат зад интересите на граѓаните и ако граѓаните се изјаснат тука да нема улица, туку да остане пешачка патека, сепак, не гласаа за одлуките, соопшти општина Центар.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, одговори дека одлуките се носат за стопирање на градба на улица на кејот на Вардар.

“Ние водиме сметка за интересите на граѓаните и убедени сме дека најголемиот дел од нив се против уништување на шеталиштето на кеј. Одобрението за изградба на оваа улица е издадено од градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, во сабота, на 31-ви декември, денот на дочекот на новата 2017-та година, а пред два дена, во сабота, инвеститорот почна со изведување на градежните работи без никаква документација за изградба на ова градилиште. Битката ќе ја водиме до крај, со сите законски можни механизми. Ги повикувам граѓаните да ни се придружат, за да не го изгубиме шеталиште на кеј“, рече Жерновски.

Претседателот на Советот, Мирослав Шиповиќ, кажа дека Советот за одлуката на Коце Трајановски дознал во петокот и затоа е свикана вонредна седница.

На прашањето зошто за 4 години ДУП-от “Мал Ринг“ не е изменет, Жерновски одговори дека конзерваторите две и пол години не ги даваат потребните дозволи за да се носи нов ДУП. Ова, рече тој, се прави сега поради претстојните избори, новата влада и да се задоволи оној кој сето ова го платил. Досега, Законот за градење претрпел 25 измени, а Законот за просторно и урбанистичко планирање од 2014-та година, променет е 4 пати само за да се одземат ингеренциите на општина Центар.

Советниците од коалицијата предводена од СДСМ го задолжија Секторот за инспекциски работи на општина Центар веднаш да спроведе инспекциски надзор за преземените градежни активности на терен, на потегот од улицата “Филип Втори Македонски“ до Камениот мост.

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе

Заев рече дека не му се допаѓа како соседните земји реагирале на кризата во Македонија и власта во Србија ја нарече „националистичкото раководство на Вучиќ“, па во Белград предизвика епидемија од паѓања во несвест од изненаденост и навреденост. Хм, во што е точно проблемот?

повеќе

Луѓето се лутат што бизнисмените не реагирале или недоволно критикувале за лошите владини потези во минатото. Од нивна перспектива - веројатно со право.

повеќе