Град Скопје

На 10 декември ќе почне новогодишното украсувањето на главниот град

На 10 декември ќе почне новогодишното украсувањето на главниот град, најави денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Како што соопшти Град Скопје, на повикот на градоначалничката Арсовска до компаниите да покажат општествена одговорност за време на здравствено-економска и енергетска криза, се јавија компании заинтересирани да помогнат.

Ова е време кога треба да се менуваат работите, кога треба да покажеме дека заедно можеме повеќе за нашиот град. На мојот повик се јавија компании кои ја покажаа својата општествена одговорност, а една од нив најави дека ќе го украси градот Скопје за Нова Година без финансиски импликации по градот, рече градоначалничката Арсовска по средбата со компанијата „Линк Медиа“.

Град Скопје и „Линк Медиа“ спогодбено го раскинаа договорот за новогодишно украсување на Скопје, што беше склучен во октомври оваа година. Тие денеска за таа цел потпишаа Меморандум за соработка.

Градоначалничката Арсовска по преземањето на функцијата го раскина договорот за новогодишно украсување на Скопје, при што тогаш како причина за раскинување на договорот вреден 243.000 евра ги наведе енергетската криза и набавувањето на електрична енергија „со драстично повисока цена", како и владината одлука за прогласена кризна состојба во енергетскиот сектор.

Од новата градска администрација тогаш додадоа дека „следната година наместо досегашната практика на ненаменско трошење на парите на граѓаните и ангажирање на компанија за украсување, Град Скопје ќе набави украси кои ќе бидат сопственост на Градот со што ќе се заштедат значителни средства од градскиот буџет кои досега секоја година се трошеле за еднократен годишен закуп на овие украси".

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе