Со никакви средства ќе се решава аерозагадувањето следната година, а ќе нема пари за капитални инвестиции, за промена на начинот на загревањето на болниците, за „демонтирање" на бомбата со хром од Југохром, за мерни станици за мерење на загаденоста на амбиенталниот воздух, ниту пак за теренски возила со кои што вработените во Државниот еколошки инспекторат ќе ги ловат уништувачите на животната средина, критикува партијата.
Според Левица речиси и ќе нема надзор над загадувачите, ќе владее мазутот со болниците, ќе кулминира дивата сеча, а последиците ќе бидат погубни за бројните заболени луѓе од хронични респираторни и канцерогени заболувања.
Ленвица наведува дека бара од Владата и надлежниот министер итно носење на програма и годишен план со мерки за намалување на загадувањето на воздухот, воспоставување задолжителнo набљудување со мерни станици за мерење загаденост на амбиенталниот воздух во сите општини и под итно да бидат купени теренски возила за да може да се одвива непречено работата на Државните еколошки инспектори.