Како и претходните години ДМВЦ, заедно со амбасадите во Македонија, бизнис заедницата, невладиниот сектор, меѓународните училишта, деца и лица со посебни потреби, ќе го oрганизира ДМВЦ хуманитарниот меѓународен базар.
Почесен претседател на Базарот 2015 е Ернесто Масимо Белели, италијанскиот амбасадор во Македонија, а главен покровител е град Скопје.
Собраните средства од Базарот ќе бидат наменети за Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака", поточно за реновирање на дневниот центар во Капиштец.
Хунманитарниот базар ќе се случи на 6 јуни, сабота,во ГТЦ (приземје) Скопје со почеток во 11 часот.
Базарот ќе биде отворен со обраќање на Емилија Миладинова Аврамчева – претседател на ДМВЦ, Коце Трајановски – градоначалник на Град Скопје и обраќање на италијанскиот амбасадот Ернесто Масимо Белели.
На базарот ќе има изведби на уметнички точки од деца од повеќе меѓународни и домашни училишта и уметничка работилница „Дрво на среќата" со академските сликари Жанета Гелевска Велјаноска и Решат Ахмети, како и лотарија. На крај од базарот ќе бидат доделени сертификати на учесниците во Базарот.
Како што информираа од ДМВЦ средствата од добротворниот меѓународниот базар 2014 биле наменети за децата од посебното основното училиште „Златен Сремец",Скопjе, од базарот во 2013 биле наменети за децата со Даунов синдром во Центарот за Даунов Синдром - Скопје
Додека собраните средства од базарот во 2012 биле наменети за поддршка на децата со посебни потреби во посебното основно училиште "Илинден"Скопје.
За Меѓународниот ден за заштита на правата на децата
Одлука за прогласување на овој ден за посебен ден на децата е донесена од страна на УНИЦЕФ во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева, Швајцарија и претставува нов почеток во подобрување на можностите за најмладите.