Линиите 5, 11 и 11А во Дексион по изменета траса поради градежни работи

Од денеска, понеделник (9.08.2021 година), линиите 5, 11 и 11А во реонот на Дексион, имаат изменет режим на сообраќај од вообичаениот, поради градежни зафати на улица „Кузман Шапкарев“, информираат од ЈСП.

Возилата од посочените линии ќе возат по изменет режим, сѐ до завршување на градежните активности кои се изведуваат по налог на Град Скопје.

ЛИНИЈА 5

*автобусите од семафорите на булевар „Ѓорче Петров“ вртат лево кон болницата „Санте плус“, па потоа кружно излегуваат повторно на булеварот и продолжуваат по редовната траса

*автобусите за почетно/крајна постојка ја користат постојката во Јурија, а истата постојка ја користат и возилата од линија 160

*посочениот режим важи и во двете насоки на сообраќање

ЛИНИИТЕ 11 и 11А

*автобусите во насока од Рашче и Свиларе кон Транспортен центар, од Дексион се пренасочени по улица „Црногорска“, па десно по улица „Атанас Иљоски“, лево на улица „Борис Сарафов“ и продолжуваат право на кружниот тек, па од кај Порта Влае продолжуваат по редовната траса

*автобусите во насока од Транспортен центар кон Свиларе и Рашче сообраќаат по редовните траси.

 

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе