четврток, 25 април 2024

Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија

Денеска беше извршена ждрепката за полуфиналните натпревари од ракометниот куп на Македонија, вечните ривали Вардар и Пелистер може да се сретнат само во финалето.

Објавено на

часот

Сподели

Вардар за противник го доби Алкалоид, додека Пелистер во полуфиналето ќе се сретне со Тиквеш.

Во женска конкуренција Ѓорче Петров ќе игра со Куманово, а Вардар ќе се сретне со Чаир.

Завршниот турнир од Купот на Македонија се игра од 17 до 19 мај во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ