„По многубројните пријави од граѓани за исплашени и истрауматизирани бездомни кучиња, но и на избегани домашни миленици во последните неколку денови како последица од употребата на петарди и пиротехнички средства во овие празнични денови, продолжуваме и понатаму со кампањата против нивна употреба", велат од „Лајка" и изразуваат благодарност на сите граѓани кои ја поддржуваат иницијативата сакајќи им добро не само на своите миленици, туку и на бездомните кучиња во градот.
Да бидеме совесни и одговорни граѓани за побезбедна и почиста средина за секого и да избегнуваме употреба на петарди, апелира „Лајка".