Екипите на Град Скопје почнаа да го расчистуваат кејот на реката Вардар околу новиот пешачки мост кај зградата на Македонскиот народен театар, кој не беше прооден за пешаци и велосипедисти речиси осум години, поради планираната изградба на панорамско тркало.
„Изградбата на мостот е готова. Панорамско тркало нема, а сега се работи на конечно ослободување и на оваа делница од кејот, за граѓаните да можат непречено да ја користат“, соопшти Град Скопје и информира дека досега се подигнати 27 кубни метри градежен материјал.