Барање за средба со градоначалничката Данела Арсовска

Коалиција „Менуваме“: Лицата со попреченост немаат еднаков пристап во Скопје

Коалицијата Менуваме по повод 3 декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост посочуваат дека лицата со попреченост немаат еднаков пристап во градот Скопје и бараат итна средба со градоначалничката Данела Арсовска. „Посетивме неколку институции да видиме дали Градот Скопје им овозможува на сите свои граѓани да се движат самостојно. Причината поради што ја правиме оваа истрага е затоа што градоначалничката има должност да обезбеди севкупен пристап на лицата со попреченост во секојдневието", нагласува коалицијата.

Од Коалицијата сметаат дека е потребна Агенда 2030, која ќе вклучува стратегија и методологија за задоволување на основните потреби за лицата со попреченост и обезбедување услови за нивно активно вклучување во сите сфери на општеството, како на локално, така и на национално ниво.

Според Коалицијата, потребен е еднаков третман, пристапни детски игралишта, пристапен паркинг, пристапност за лицата со оштетен слух, пристапни јавни тоалети, пристапни пешачки премини, пристапни пешачки патеки, пристапни објекти надвор и внатре и пристапен јавен транспорт.

Од Коалицијата посочуваат дека оваа матрицата ги илустрира различните сектори, кои можат да придонесат за креирање и реализирање на стратегија за Град Скопје.

„Држава која претендира за влез во Европската Унија недозволиво е да се однесува дискриминирачки и манипулативно кон децата и лицата со попреченост. Градоначалничката треба да биде запознаена со непочувањето на основните права на лицата со попреченост т.е. недоволен пристап во Град Скопје“, појаснуваат во соопштение.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе