Во чест на великанот на македонската култура

„Клупата на Горан Стефановски“ наскоро ќе пристигне во Скопје

„Клупата на Горан Стефановски", малото, но сепак големо спомен обележје на македонскиот литературен лауреат, го започнува патешествието од Лондон до Скопје, информираат од Општина Центар.

Симболичната клупа-споменик, е излеана и се наоѓа во Лондон, а ќе биде поставена во паркчето спроти бараките на Општина Центар, веднаш до чинарот, кој на роденденот на Стефановски – 27-ми април, беше засаден во знак на сеќавање на доајенот на македонската литература.

Роден во Битола, на 27-ми април 1952-ра година, Горан Стефановски останува еден од најпознатите и признати македонски академици, писатели, професори и драматурзи. Автор е на многу текстови и драми, меѓу кои и „Јане Задрогаз", „Диво месо", „Лет во место", „Хај-Фај", „Дупло дно", „Тетовирани души", „Црна дупка", „Демонот од Дебар Маало" и на детската ТВ-серија, „Бушава азбука".

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе